Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 18 Мај 2021 година одржа онлјан ZOOM средба со преставници од Баирска Светлина и ПРЕДА ПЛУС на која што ги презентираше целите и активностите на проектот и ја истакна важноста на воспоставување на соработка и синергија на активности бидејќи тековно во општина Битола се спроведува и проектот БАИР – Заедничка акција за инклузија на Ромите финансиран во рамките на ЕУ – ИПА.
Во рамките на дискусијата, мониторинг специјалистот истакна дека во рамки на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите може да се воспостави синергија во однос на профилите кои се ангажираат во двата проекти.
Имајќи во предвид дека во рамките на проектот на УСАИД се предвидуваат тројца лица, чија примарна улога ќе биде во доменот на поддршка на легализација и информирање на населението, потенцијална синергија може да се воспостави во просторијата на месната заедница и дополнително да се вметнат и профилите кои се предвидуваат во проектот на УСАИД – мобилизатор на заедницата, бизнис фацилитатор и правен монитор.
Соработка може да се воспостави и во делот на информирање и нудење на услуги кои опфаќаат поширок спектар, организирање на настани и кампањи, посети во заедницата и слично.
Заклучоци од средбата беа да се подготви предлог меморанудм за соработка со дефинирани активности и улоги на сите страни и да се организира дополнителна средба со физичко присуство за потпишување на меморандум.