На 17 мај 2022 Ромалитико и Програмската канцеларија на Советот на Европа во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата, огранизираше обука за Бесплатна правна помош (спроведување и поддршка). Целна група на оваа обука беа Локалните акциски групи на заедницата, фасилитаторите како дел од структурата на РОМАКТЕД како и правните монитори и бизнис советници кои се дел од структурата на „Проект на УСАИД за инклузија на Ромите“ и „Заедно за просперитена заедница“ спроведувани од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

Целта на оваа заедничка активност спроведена во партнерство со Советот на Европа и УСАИД Северна Македонија е во насока на зајакнување на капацитетите на локалната структура во процесот на информирање и обезбедување на бесплатна правна помош за потребите на ромската заедница. Обуката беше спроведена со поддршка од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтал Фасилити за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, спроведувана од Советот на Европа.