Ја информираме јавноста дека денес Ромалитико испрати писмо за загриженост до амбасадите на следните држави: Соединети Американски Држави, Велика Британија, СР Германија, Кралството Холандија, Европската делегација во РСМ, Швајцарската амбасада како и до претседателот на Европскиот Парламент г-дин Давид Сасоли и други Европарламентарци и претставници на меѓународната заедница.
Писмото за загриженост се однесува за измените во законот за лична карта.
Ве информираме дека веќе добивме поддршка за нашето писмо и очекуваме дека предлагачите и поддржувачите ќе се откажат од оваа идеја.