Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 20 Мај 2021 година одржа средба со преставници од oпштина Берово на која што ги презентираше целите и активностите на проектот и ја истакна важноста на воспоставување на соработка.
Ромската заедница покажа загриженост за проблемот со легализацијата на дивоградбите и истото беше пренесено до преставниците на општината кои ветија дека ќе се посветат во однос на ова прашање.
Општината покажа и заинтеренисраност за потпишување на меморандум за соработка и заедничка соработка во однос на консултативно креирање на локален акциски план во рамки на oпштина Берово во најкраток рок со цел да се постигне синхронизиран пристап со проектот на УСАИД.