Во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата, Ромалитико и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје организираа серија на 5 регионални настани по повод 8 април- Меѓународниот ден на Ромите.

На 1 април настанот се одржа во Берово, во заедничка организација со општините Делчево, Берово, Битола и Прилеп. Во рамките на овој настан беше оганизирана панел дискусија за „Политики и мерки за образование за децата Роми на локално ниво„ на која учествуваа претставници од општините Берово, Делчево, Битола и Прилеп.

На 4 април настанот се одржа во Кичево во заедничка организација со општините Кичево, Дебар, Гостивар и Тетово. За овој настан беше организирана панел дискусија „Политики и мерки за домување за Роми„ со претставници од Министерство за транспорт и врски, претставници на општина Кичево и заедницата.

На 5 април настанот се одржа во Кочани во заедничка организација со општините Кочани, Виница и Штип и се дискутираа „Политиките  и мерките за вработување за Роми на локално ниво„ со претставници од општините на Кочани и Штип и институции на локално ниво.

На 6 април настанот се одржа во Шуто Оризари во заедничка организација со општините Шуто Оризари, Крива Паланка и Велес и се зборуваше за пристапот до здравствени услуги за Ромите на локално ниво. Како учесници на оваа панел дискусија беа претставници од заедницата и граѓанскиот сектор.

На 7 април и финален настан се одржа во Струмица и беше реализирана панел дискусија за Дискриминацијата како пречка за социјална инклузија на која учество земаа претставници од Народниот правобранител и од Комисијата за заштита од дискриминација.

Во рамки на настаните покрај панел дискусиите беа реализирани и едукативни сесии за историјата и обележјата на ромската заедница како и културно уметничка програма на која настапуваа деца од средните, основните училишта и градинките од општините партнери на програмата. Сите 5 настани беа проследени со учество и воведни обраќања на 15 градоначалници кои по повод 8 април упатија честитки до ромската заедница.

Целта на овие настани беше да се подигне свеста кај ромската и неромската заедница за проблемите со кои се соочува оваа заедница на локално ниво и дека оваа заедница за жал сеуште е на маргините на ова општество.

Во процесот на организација беа вклучени апсолутно сите чинители кои се дел од оваа програма меѓу кои и самата заедница.

За прв пат во историјата на Северна Македонија преку оваа програма, Ромалитико и Програмската канцеларија на Советот на Европа направи здружување на локална администрација од различни општини со претставници на ромската заедницата од 15 општини.

Од една страна, самата заедница учествуваше и беше дел од настаните преку кои имаше прилика да ги сподели проблемите и предизвиците и да ја претстави историјата и обележјата на ромска заедница. Од друга страна пак, општинската администрација имаше можност да биде дел од една заедничка организација во партнерство со повеќе општини и одблиску да се запознаат со историјата и обележјата на ромската заедница и да помине еден ден со претставници од ромската заедница.