Во текот на седницата одржана на 15 мај 2020, Владата на Република Северна Македонија донесе уредба за изменување и дополнување на буџетот за 2020 со цел да одговори на потребите на новонастанатата криза со Ковид вирусот. Со новиот ребаланс на Буџетот средствата наменети за Поддршка на декадата и стратегијата за Роми e намален за  34%, односно од 73 милиони денари на 48 милиони денари (основен буџет).

Во услови кога Ковид19 вирусот предизвика сериозни економски и здравствени последици врз сите, а особено врз Ромската заедница, намалувањето на Буџетот за поддршка на имплементацијата и стратегијата на Ромите уште повеќе ја загрозува позицијата и придонесува за проширување на сиромаштијата и дополнително загрозување на условите за живот кај Ромската заедница.

Прочитајте ја целата Реакција прикачена на линкот.

Reakcija-budjet-2020.pdf