Во месец февруари 2021 година, до 12 општини беа испратени барања за пристап до информации од јавен карактер.

Фокусот на барањата беше ставен кон тоа дали во буџетите на општините има издвоени средства наменети за ромската етничка заедница, како и прашања поврзани со предлозите испратени од граѓанската иницијатива „Аваја“, односно дали предлозите се прифатени од страна на општините.

Од вкупно 12 општини, 11 одговориле, а согласно одговорите беа изготвени и картички коишто беа објавени на фејсбук страницата на Институтот „Ромалитико“.