Денес, на 21 јуни 2021 во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-2024 се одржаа информативни средби со општините Берово и Делчево.

На средбите учествуваа градоначалниците Звонко Пекевски и Горан Трајковски, претставници на општинската администрација како и националниот тим за поддршка на имплементацијата на РОМАКТЕД II Програмата составен од програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје како и Институтот за истражување и анализа на политиките – Ромалитико.

Тимот за поддршка на имплементацијата на оваа програма ги информираа градоначалниците Пекевски и Трајковски  за концептот и целите на втората фаза на РОМАКТЕД програмата. На средбата беше истакнато дека втората фаза на РОМАКТЕД програмата е поддршка на локалните власти да ги интегрираат специфичните активности/мерки за Ромите во главните локални политики, акционите планови поврзани со овие политики, буџетите и испораката на јавни услуги, со што ќе се зајакне демократското учество и зајакнување на локалната ромска заедница.

Покрај воведот во втората фаза на РОМАКТЕД програмата со градоначалниците беа дискутирани можностите и структурите за подобра координација и имплементација на програмата. Исто така градоначалниците Пекевски и Трајковски дадоа краток осврт на реализираните активности во рамки на тековните проекти кои општината ги спроведува во партнерство со други организации и донатори како и краток осврт на реализирани активности во рамки на програмата за работа на овие општини.

Главниот фокус на овие средби беше истакната поддршката и подготвеноста на градоначалниците и општинската администрација на Берово и Делчево за непречена и ефективна имплементација на РОМАКТЕД II програмата.

Општината Делчево е новата општина опфатена во втората фаза на РОМАКТЕД програмата, додека општината Берово беше дел и од првата фаза на оваа програма.

РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-20214 е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.