На 20 мај 2020 година, во текот на пандемијата со КОВИД-19, Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ испрати барања за пристап до јавни информации до 12 општини во Република Северна Македонија во коишто живеат граѓани од ромската етничка заедница. Прашањата беа воглавно поврзани со начинот на справување со кризата како и начинот на којшто им беше укажана помош на граѓаните Роми за време на пандемијата. На доставените барања, 8 од 12 општини одговорија согласно законскиот рок од 30 дена.