На 20 октомври, 2021 г. во Владата на Република Северна Македонија тимот на проектот Заедно за просперитетна заедница одржа состанок со Советникот за инклузија на Роми на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Националната контакт точка за Роми, г-дин Елвис Мемети.

На состанокот беше презентиран проектот и планираните активности во рамки на првата година, начините на реализација и инволвираноста на сите засегнати страни и беше нотирана важноста од системски и плански наосчување на средства заради избегнување на дуплирање исти или слични активности, финансии и човечки капитал.

Беа споделени активностите во рамки на други програми и проекти, државните фондови наменети за Роми за и можноста за синергија и мечирање на средствата.