На 15.10.2021 тимот од проектот “Заедно за просперитетна заедница” одржа состанок со претставници на Министерство за образование и наука Арабела Иљаз, Виш соработник во секторот основно образование и Сузана Шабановска, Координатор на програмата за ромски образовни медијатори преку платформата ЗУМ. На состанокот се презентираа активностите и целите на проектот поддржан од УСАИД, и се дискутираа видот на активности потребни за соработката помеѓу Министерството за образование и наука и Ромалитико.