Националниот тим за поддршка на РОМАКТЕД II програмата составен од програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје како и Институтот за истражување и анализа на политиките – Ромалитико. денес, на 22 јуни 2021 во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ оджаа информативни средби со општините Прилеп и Велес.
На средбите учествуваа градоначалникот Аце Коцевски и претставници од локалната администрација на општина Прилеп.
Тимот за поддршка на имплементацијата на оваа програма ги информираа учесниците на средбите за концептот и целите на втората фаза на РОМАКТЕД програмата. На средбата беше истакнато дека втората фаза на РОМАКТЕД програмата е поддршка на локалните власти да ги интегрираат специфичните активности/мерки за Ромите во главните локални политики, акционите планови поврзани со овие политики, буџетите и испораката на јавни услуги, со што ќе се зајакне демократското учество и зајакнување на локалната ромска заедница.
Покрај воведот во втората фаза на РОМАКТЕД програмата со градоначалниците беа дискутирани можностите и структурите за подобра координација и имплементација на програмата.
На средбата во Велес, градоначалникот Коцевски даде краток осврт на реализираните активности во рамки на тековните проекти кои општината ги спроведува во партнерство со други организации и донатори како и краток осврт на реализирани активности во рамки на програмата за работа на оваа општина.
Главниот фокус на овие средби беше истакната поддршката и подготвеноста на градоначалниците и општинската администрација на Прилеп и Велес за непречена и ефективна имплементација на РОМАКТЕД II програмата.
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ која е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024.