Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 16 јуни 2021 година одржа средба со градоначаникот на општина Дебар, г-дин Хекуран Дука. На оваа средба беше презентиран проектот на УСАИД и се истакнаа целите и активностите на проектот со цел за понатамошна соработка.

На состанокот се дискутираа проблемите на Ромите во општина Дебар при што се истакна проблемот со легализацијата на градбите. Исто така се дискутираше и за вклучување на вработените во проектот во процесот на спремање на нов локален акциски план. Во иднина се очекува да се потпише меморандиум за соработка со општината.