Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 21 јуни 2021 година одржа средба со претставникот од секторот за односи со јавност на општина Кичево, г-дин Газмед Укали. На оваа средба беше презентиран проектот на УСАИД и се истакнаа целите и активностите на проектот со цел за понатамошна соработка.
Заклучоците од состанокот беа дека е потребно да се поработи на подигање на јавната свест на ромската заедница и да се едуцира истата за важноста на образованието и вработувањето. Исто така треба да се реши проблемот со легализација на градби на околу 100 ромски семејства како и престој и документи на лица кои не се жители на општината. Во однос на потребата од канцелариски простор, општината ќе излезе во пресрет за негово наоѓање во центарот на градот. Во иднина се очекува да се потпише меморандиум за соработка со општината.