Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите во периодот од 04.03 – 18.03.2021 оствари средби со преставници на неколку институции и тоа:

1. Министерство за труд и социјална политика со Министерката Јагода Шахпаска

2. Агенција за остварување на правата на заедниците со директорот Еран Куртиш и заменик директорот Џелал Хоџиќ

3. Влада на Република Северна Македонија со Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка

4. МАПАС Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување со Максут Али, Претседател на Советот на експерти

На сите четири средби се презентираше проектот и се истакнаа целите и активностите за соработка со сите институции. Особен акцент се стави на работата на терен и средбите со ромската заедница во сите општини за активна вклученост и партиципација на локално ниво.

Генералниот заклучок од сите средби беше дека е потребно воспоставување на дијалог меѓу граѓаните од ромска националност и институциите за да може успешно да се идентификуваат и решат главните проблеми со кои се соочува ромската заедница.

Сите институции ја посочија важноста на проектот и вклучувањето на Ромите како дел од активностите на институциите и затоа во периодот што следи ќе се склучат меморандуми за соработка со сите четири институции.