Во рамките на втората фаза на РОМАКТЕД програмата националниот тим за поддршка на РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ денес на 23 јуни 2021 одржа информативна средба со Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.
На средбата накратко беа презентирани целите на оваа програма но исто така беше потенцирано дека РОМАКТЕД програмата е поддршка на локалните власти да ги интегрираат специфичните активности/мерки за Ромите во главните локални политики, акционите планови поврзани со овие политики, буџетите и испораката на јавни услуги, со што ќе се зајакне демократското учество и зајакнување на локалната ромска заедница.
Градоначалникот Јаневски го истакна задоволството што општина Струмица продолжува со имплементацијата и на оваа фаза, воедно ја истакна неговата поддршка и подготвеноста на општинската администрација да биде активен дел и партнер во процесот на имплементација на РОМАКТЕД II програмата заедно со тимиот за поддршка (Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Институтот за инстражување и анализа на политики- Ромалитико од Скопје).
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024, а истата е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.