За спроведување на ваквиот вид на активности РОМАКТЕД II фасилитаторите првично утврдуваа состојбата во делот на вакцинирање на лицата Роми (колку се вакцинирани, колку одбиваат, кои се причините за слабиот одзив на вакцинирање и сл.). Согласно утврдената состојба во неколку општини, активностите се фокусираа кон: теренско вакцинирање во ромските населби Раштански пат и Мексико во Кичево, информативни средби со заедницата за значењето да се биде вакциниран во општините: Крива Паланка, Струмица, Шуто Оризари, Гостивар, Дебар, Кочани, Битола, Велес, Виница, Штип, Делчево, Берово, Кичево, Тетово и Прилеп.
Со цел за подобра организациија и координација, во септември претходеа координативни средби со Министерот за здравство Венко Филипче и со директорите на Јавните здравствени домови во 15те партнер општини на оваа програма.
Активностите за заштита од корона вирусот кај локалната ромска заедница, продолжува со реализација и во месец ноември со теренски посети и споделување на конкретни информации за вакцинирањето.
Во насока на разбивањето на стреотипите за последиците од вакцинирањето беше подготвен информативен материјал кој одговори на
речиси сите прашања кои предизвикуваа страв и недоворба кај ромската заедница кон вакцината за заштита од КОВИД 19.
Според Финалниот извештај од спроведување на активноста за зголемување на информираноста за важноста од вакцинација против Kовид 19 и состојбата кај Ромите во Република Северна Македонија, како резултат на сите активности (информативните сесии и теренските активности) во периодот од октомври и ноември, бројот на вакцинирани Роми во опфатените општини се зголеми за околу 2570 лица додека пак бројот на лица кои одбиваат да бидат вакцинирани се намали за 558 лица. Целосниот извештај може да го симнете тука.
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-20214 е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.