Во периодот од март до јули 2021 година беше спроведено истражувањето „Искористеност на правата од социјална и детска заштита од страна на ромската заедница“ од страна на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, ХЕРА – асоцијација за здравствена едукација и истражување и Иницијатива на жени Ромки од Шуто Оризари.

Во истражувањето беа користени три методи: квалитативен метод (преку длабински интервјуа и фокус групи), квантитативен метод (преку анкетен прашалник) и деск-анализа (преку доставено барање за пристап до јавни информации).

Добиени се следниве наоди:
– 92 % од Ромите не поднесуваат жалба по добиено негативно решение за остварување на некое од социјалните права;

– На 36 % од учесниците во анализата не им биле објаснети условите и критериумите за остварување на правата поврзани со социјалната и детската заштита. Според испитаниците, главни причини се несподелувањето на одредени информации од страна на вработените во државните институции и недоволното познавање на македонскиот јазик;

– Според добиените податоци од Министерството за труд и социјална политика, има зголемување на бројот на корисници Роми на гарантирана минимална помош, од 4161 корисници во 2019 година на 5279 корисници во 2020 година. Зголемен е бројот и на корисници на правото на образовен додаток, од 2497 корисници Роми, на 2767 корисници. Од друга страна, има намалување на бројот на корисници на правата на паричен надомест за помош и нега од друго лице, од 1158 корисници Роми во 2019 година, на 1034 корисници Роми во 2020 година.

Целосното истражување можете да го прочитате тука