Ромалитико на 21.11.2019 година поднесе претставка до Министерството за образование и наука во врска со дискриминирачкиот текст во изборна лектира за шесто одделение “Македонски хумористични народни приказни” под “Циганот како сведок” во која се наведе дека овој текс е дискриминирачки кон ромската заедница.

По претставката од МОН, конкетно Биро за развој на образованието

добивме допис кој го вели следното “во случајот ликот на Циганот е именуван и запишан со овој термин во едно друго време кога етничката заедница Роми не била именувана како етникум со такво име во официјални документи”. Бирото за развој на образованието смета дека ваквите текстови се ПРИФАТЛИВИ за развивање на дискусија, ставови и мислења помеѓу учениците, особено кога наставникот е присутен како медијатор или посредик за олеснување на комуникацијата!

Ромалитико го изразува своето незадоволство од одговорот на Министерството за образование и наука и смета дека ваквите дискриминирачки текстови треба целосно да бидат исклучени од употреба во образованието. “Литературното дело претставува важба за умот и можноста да се гледа светот и околината во различни перспективи,” [како што е наведено во дописот] МЕЃУТОА дискусијата на тема лесна поткупливост и лажење кај Ромите, или ”Циганот” во образовна институција преку хумористичен приказ и тоа по предмет македонски јазик, е несоодветна. Сметаме дека во текот на образованието постојат други можности како треба да се развијат дискусии на различни теми и тоа со соодветни примери кои директно ќе посочат дека текстот или примерот претставува стереотипизирање на еден етникум кој со години наназад бил дискриминиран!