По големиот број на реакции во јавноста од граѓаните за несоодветниот пристап со кој се соочиле во Центрите за социјална помош, Ромалитико се обрати со Реакција до Министерството за Труд и Социјална Политика и побара Центрите за социјална работа да не ги враќаат граѓаните од нивните шалтери и да им дадат јасни насоки.
МТСП одговори на Реакција и посочи “за добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.”
“Износот на сумата зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од 4.000 денари за едночлено семејство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови. Воедно, примателите на гарантирана минимална помош (ГМП) ќе добијат и 1.000 денари за трошоци на енергенси за месеците април и мај 2020 година. “
“ Граѓаните со прекин на работен однос, кои имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.”
“Условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година престанува да важи и околу 17.000 деца ќе добијат образовен додаток” стои во Одговорот на Реакцијата.
МТСП посочува дека има доставено насоки за постапување до сите Центри за социјална работа и тоа:
1. Задолжително секој ден во работната недела да се работи со странки;
2. На видно место да се истакне работното време на Центрите за социјална работа и;
3. На видно место да се истакнат е- маил адреси и телефонски броеви каде корисниците може да поднесат барање или да известат за евентуални промени на фактите или околностите (член 4 од уребата).
На веб страницата на МТСП е објавена листа на контакти од сите Центри за социјална работа од каде може да се добијат информации. Во Одговорот МТСП апелира до граѓаните директно да се обратат и да ги пријават сите неправилности на официјалниот емаил: [email protected][email protected]
Види одговор пдф