Ромалитико на 21.11.2019 година поднесе Претставка до Министерството за образование и наука по однос на текстот “Циганот како сведок” во која се наведе дека овој текст е дискриминирачки кон ромската заедница. Незадоволни од одлуката која што ја достави Министерството за образование и наука по однос на текстот
“Циганот како сведок” во кој го оправдаа користењето на терминот “Циган” и содржината внатре во текстот Ние како Ромалитико ја продолживме постапката пред Народниот правобранител со чија помош успеавме да се преиначи одлуката во генерална ПРЕПОРАКА до наставниците да НЕ се обработува текстот “Циганот како сведок” и да немаат учениците обврска да го читаат. Со овој пост особено би сакале да се заблагодариме на институцијата Народен правобранител за нивната упорност и ефикасност за решавање на овој случај.
Имајќи ја во предвид оваа измената одлука која што е делумно позитивна со необработувањето на текстот СЕПАК сметаме дека ваквите лектири или учебници треба целосно да се тргнат од употреба односно да се ревидираат, бидејќи досега праксата покажува дека МОН секогаш носи препорака за дискриминаторски текстови кон Роми да не е употребуваат одредени делови, додека пак за други случаеви каде има дискриминаторски текстови по било кој основ целосно ги повлекува односно ги ревидира учебниците. Оттука исто ги повикуваме сите засегнати страни, надлежни министерства и НВО чија дејност и работни активности се во делот на образованието, да пристапат кон целосно истражување и ревидирање на учебниците во основно образование за да спречиме вакви содржини во иднина.