Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 22 јуни 2021 оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар, г-дин Арбен Таравари. На средбата се разговараше за актуелната состојба на Ромската заедница, потребите на заедницата, како и можностите за поддршка во рамките на проектот на УСАИД.

Општина Гостивар е отворена за соработка со невладините организации и веќе спроведува неколку активности насочени кон Ромската заедница. Во рамките на проектот, градоначалникот ја истакна неговата заложба за соработка и потпишување на меморандум за дефинирање на взаемните точки од интерес и активности за поддршка на Ромската заедница во Гостивар.