Тимот на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите на 23 јуни 2021 година одржа средба со градоначалникот на општина Куманово г-дин Максим Димитриевски. На оваа средба се разговараше за ситуацијата на Ромите во Куманово, беа презентирани тековните проекти на Ромалитико и се истакнаа целите и активностите на проектот.

Општина Куманово е отворена за соработка и унапредување на животот на Ромската заедница и во натамошниот период ќе се пристапи кон потпишување на меморанудм со цел продлабочување на институционалната соработка.