Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 23 јуни 2021, оствари средба со градоначалникот на општина Виница г-инот Ивица Димитров. На оваа средба беше презентиран проектот на УСАИД и се истакнаа целите и планираните активностите на проектот.

Општина Виница е отворена за соработка со невладините организации и веќе спроведува неколку проекти насочени кон Ромската заедница. Во рамките на проектот, градоначалникот ја истакна неговата заложба за соработка и потпишување на меморандум за дефинирање на взаемните точки од интерес и активности за поддршка на Ромската заедница во Виница.