Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 22 јуни 2021, оствари средба со секретарот на општина Кавадарци, г-дин Тодор Ефремов. На средбата разговаравме за актуелната состојба на Ромската заедница, потребите на заедницата и како и можностите во рамките на проектот на УСАИД.
Во рамките на проектот ќе се даде поддршка за креирање на локален акциски план за инклузија на Ромите како прв чекор за дефинирање на взаемни точки и активности за унапредување на положбата на Ромската заедница.