Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 22 јуни 2021 оствари средба со секретарот на општина Неготино, г-дин Ивица Златковиќ. На средбата разговаравме за актуелната состојба на Ромската заедница, потребите на заедницата како и можностите за поддршка во рамките на проектот на УСАИД.

Во рамките на проектот ќе се даде поддршка за креирање на локален акциски план за инклузија на Ромите како прв чекор за дефинирање на взаемни точки и активности за унапредување на положбата на Ромската заедница во општина Неготино.