На вчерашниот прес на иницијативата за „Зелено и хумано Скопје“, програмскиот менаџер на Институтот за истражување и политики „Ромалитико“, Алберт Мемети ги претстави потребите на ромската заедница која живее во Скопје.

Првиот претставен предлог беше отворање на противпожарна единица  во Шуто Оризари, додека вториот предлог се однесува на поставување на мерачи за воздух во Шуто Оризари.