Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 25 мај 2021 година одржа средба со градоначаникот на општина Кочани, г-дин Николчо Илијев. На оваа средба беше презентиран проектот на УСАИД и се истакнаа целите и активностите на проектот со цел за понатамошна соработка.
Заклучоците од состанокот беа дека е потребно да се поработи на подигање на јавната свест на ромската заедница и да се поработи на едукацијата за важноста од образованието и вработувањето. Во иднина се очекува да се потпише меморандиум за соработка со општината.