Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 25 Мај 2021 година одржа средба со општина Тетово на која што се презентираше проектот на УСАИД и потенцијалните заеднички активности во рамки на општината и самиот проект.
Општината покажа заинтересираност и зема во предвид понатамошно заедничко делување во однос на зголемување на нивото на локалната демократија, решавање на клучните проблеми на Ромите во областа на инфраструктурата и квалитетот на животот преку потпишување на меморандум за соработка.