Започна обуката на фацилитаторите за економски развој која ќе се одржи денес и утре во Скопје. Обуката има за цел зајакнување на знаењата и вештините на фацилитаторите во делот на вработување, мапирање на формални и неформални претприемачи, идентификување на бариери и можност за формализација и мапирање на локални компании кои имаат потреба од работна сила.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот “Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештини и поврзување на невработени Роми со компании” кој што е поддржан од We Effect, подружницата Скопје.