Во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-2024 од втората половина на октомври започнаа да се спроведуваат активности во насока на подигнување на свеста кај локалната ромска заедница за заштита на личното и јавното здравје од корона вирусот.

За спроведување на ваквиот вид на активности РОМАКТЕД II фасилитаторите првично утврдуваа состојбата во делот на вакцинирање на лицата Роми (колку се вакцинирани, колку одбиваат, кои се причините за слабиот одзив на вакцинирање и сл.). Согласно утврдената состојба во неколку општини, активностите се фокусираа кон: теренско вакцинирање во ромските населби Раштански пат и Мексико во Кичево, информативни средби со заедницата за значењето да се биде вакциниран во Кочани, Штип, Прилеп, Битола, Кичеви, Дебар, Берово и Делчево.

Со цел за подобра организациија и координација, во септември претходеа координативни средби со Министерот за здравство Венко Филипче и со директорите на Јавните здравствени домови во 15те партнер општини на оваа програма (Крива Паланка, Струмица, Шуто Оризари, Дебар, Кочани, Битола, Велес, Виница, Штип, Делчево, Берово, Кичево, Тетово и Прилеп).

Активностите за заштита од корона вирусот кај локалната ромска заедница, продолжува со реализација и во месец ноември.

РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-20214 е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.