Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико објавува повик за ангажирање на менторки во рамки на Проектот на УСАИД за Инклузија на Ромите.
Вовед: Објавуваме отворен повик за менторки за школа за женско лидерство. Ова е одлична можност да го пренесете вашето знаење и искуство на нова генерација на девојки Ромки. Како менторка ќе имате можност директно да учествувате со свои предлози во активностите на лидерската школа, да имате индивидуални и групни дружења со девојките и да иницирате идеи за настани или акции во рамки на лидерската школа.
Пред да започнете со вашата менторска улога, сите избрани менторки ќе поминат обука на менторки. Избраните менторки понатаму ќе имаат можност да го надоградуваат своето знаење за менторството преку индивидуализиран пристап. Менторките ќе имаат можност да се вмрежуваат и да бидат дел од различни кампањи.
Кои ќе бидат вашите можности и задачи:
Вовед во менторството:
- Учество на обука за менторки
- Индивидуализиран пристап кон развој на знаењето за менторството и вмрежување со други менторки
Давање на менторска поддршка:
- Активно слушање и разбирање на целите и предизвиците на менторираните;
- Нудење на практични совети за потткување на нивниот раст и мотивирање на менторираните;
- Креирање на доверлива средина базирана на почит и чесност;
- Поставување на јасни цели за менторството според подготвен план;
- Одржување на средби со менторираните според поставените цели во планот за менторство.
Активности поврзани со женската програма:
- Иницирање на активности поврзани со жени Ромки во рамки на следните област кои се во доменот на работа на Ромалитико;
- Давање на предлози за лидерската школа;
- Учество на дел од сесиите на лидерската школа.
Бараме менторки кои можат да:
- Допринесат во зајакнување на младите девојки и да го поттикнат нивниот раст и развој;
- Отворено да споделуваат нивни животни и лични искуства и вештини кои ќе им послужат на менторираните;
- Посветат време и енергија за градење на значајни односи со девојките во програмата;
- Посветат време и енергија за себеразвивање во областа менторство.
Надоместок: За менторството е предвиден надоместок на месечно ниво.
Времетраењето на вклученост во програмата ќе биде индивидуално дискутирано.
Датуми:
Рок за поднесување на апликација: 24/01/2025
Дата на обуката: средина на февруари 2025 година
Селекцијата на пријавените кандидатки ќе се изврши врз основа на следните критериуми:
– работно искуство, знаења и постигнува во областа во која делува апликантката (50 поени)
– вклученост во мрежи, иницијативи, кампањи и други искуствени делувања (25 поени)
– Комуникациски вештини и желба за посветеност во програмата (25 поени)
Рокот за поднесување е до 24/01/2025. За аплицирање за менторка Ве молиме аплицирајте со ваше CV на [email protected] и [email protected] со назнака “Апликација за менторка”. За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на [email protected]









