Датум: 26.04.2021
Код на проектот: MAC004
Наслов на проектот: Образованието на децата Роми во време на КОВИД-19
Финансиран од: Ромски Едукативен Фонд

 

Институтот за Истражување и Анализа на Политики, Ромалитикo за потребите на проектот “Образованието на децата Роми во време на КОВИД-19” финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд во рамки на програмата за ургентни грантови Ве поканува да доставите понуда за набавка на терминал за дезинфекција

, во согласност со пропозициите наведени во Техничките услови за набавка (Анекс бр.1), што е составен дел на ова писмо за покана

Информации за тендерот

Постапка: Отворена постапка за понудувачи и директна покана за учество

Предмет на понудата: Набавка на пет (5) тунели за дезинфекција и три (3) терминали со систем за превенција со детекција на маска и мерење на температура

Тендерска документација:

Понудата треба да ги содржи следниве прилози:

  • Изјава (Анекс 2, во прилог на писмото за покана),
  • Финансиска понуда (Анекс 3, во прилог на писмото за покана)

Начин и рок на поднесување на понудата

Понудата со уредно пополнети и потпишани прилози од страна на подносителот може да се достави преку електронска пошта на следнава адреса [email protected] или на [email protected].

За дополнителни прашања во врска со понудата, можете да ги испратите преку електронска пошта на следнава адреса [email protected], со назнака „ПРАШАЊЕ ЗА ТЕРМИНАЛ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА“ или на бројот 078/223-720 – Суад Скендери. Одговорите на прашањата ќе бидат испратени до сите понудувачи до кои е испратено барање за понуда, или пак, веќе доставиле понуда претходно. Рокот за испраќање на прашања е продолжен до 25.05.2021, до 16:00 часот.

Крајниот рок за достава на понуда е продолжен до (04.06.2021), петок, до 16:00 часот.

Основи за исклучување: Како дел од тендерот, понудувачите треба да достават потпишана Изјава, (Анекс 2 во прилог на ова писмо), како доказ дека не се наоѓаат во ниту една од ситуациите за исклучување наведени во делот на „Основи за исклучување од учество во набавката“


Критериум за избор и доделување на тендерот

Критериумите за доделување на тендерот се врз принципот „најдобра вредност за парите“, односно (best value for money). Најдобрата вредност за парите се утврдува со оценка на понудата наспроти цената.

ТУНЕЛ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ТЕЛО

  • Уред за дезинфекција на тело

СИСТЕМ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА СО ТЕРМИНАЛ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА МАСКА И МЕРЕЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРА

  • Терминал за детекција на маска и мерење на температура
  • Кабловска инсталација за поврзување на опремата
  • Метален држач за терминал
  • Монтажа

Потпишување на Договор

Избраниот понудувач со најповолна понуда ќе биде известен во електронска форма дека е прифатена неговата понуда во рок од максимум 5 дена од крајниот рок за доставување на понудата. Во рок од 3 дена по приемот на Договорот, веќе потпишан од страна на правниот застапник на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, избраниот понудувач ќе треба да го потпише договорот и да го врати на Институтот во хартиена форма.

Анекси (кликнете за да ги преземете документите):

Анекс 1 – Технички услови

Анекс 2 – Изјава

Анекс 3 – Финансиска понуда

Ја очекуваме Вашата понуда до крајниот рок за поднесување.

Ако одлучите да не поднесете понуда, ќе ви бидеме благодарни доколку можете да нè известите писмено, наведувајќи ги причините за Вашата одлука.

Со почит,

Елвис Шаќири
Извршен директор

Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико