Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 26 мај 2021 година одржа средба со претставници од Здружение на млади правници на која што ги презентираше целите и активностите на проектот и ја истакна важноста за воспоставување на соработка.
Преставниците на здружението ја поздравија ваквата заложба за соработка со тоа што покажаа интерес за учество во понатамошните активности и заедничка работа на покомплицирани случаи во рамки на проектот и тоа во делот за обезбедување на правна помош, помош на лица од ромската заедница кои немаат државјанство и случаи за легализација.