Во месец ноември 2020 година, Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ – Скопје, дистрибуираше анкетен прашалник за потребите на истражување насловено „Истражување на степенот на доверба помеѓу етничките заедници коишто живеат во Република Северна Македонија“.

Анкетата беше одговорена од вкупно 635 испитаници (275 женски и 360 машки), припадници на различни етнички заедници коишто живеат на територија на Република Северна Македонија.

По обработката и анализа на добиените податоци, креирано е истражување коешто овозможи да се опише степенот на доверба помеѓу различните етнички заедници кои живеат во Република Северна Македонија, испитување на поврзаноста на одредени карактеристики (пол, степен на образование, работен статус и религиска припадност) со формирањето на ставови за различни етнички заедници, а исто така, истражувањето овозможи и пристап до корисни заклучоци кои ги опишуваат и објаснуваат актуелните состојби поврзани со меѓуетничките односи.

Прочитајте го целото истражување овде.