Извршниот директор, Елвис Шаќири учествуваше на форумот „Граѓанските организации и изборите“, организиран од OSCE Mission to Skopje, Меѓународната фондација за изборни системи (IFES ) и Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC Во своето излегување ги сподели предизвиците со кои се соочува граѓанското општество при мониторинг на изборите, потребата од едукација на граѓаните, како и спречување на изборни манипулации и постапување на сите релевантни институции за зачувување на изборниот интегритет.
Photo credits: OSCE Mission to Skopje