Во поликлиниката во општина Шуто Оризари, ќе започне со работа Гинеколошката ординација ПЗУ Мајка Б&М која што треба да овозможи пристап до гинеколошка здравствена заштита, рана дијагноза на одредени болести, редовни прегледи за да се обезбеди квалитетна здравствена услуга на населението во Шуто Оризари.
За потребите на Гинеколошката ординација, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико ќе даде поддршка за вработување на медицинска сестра за да овозможи целосна функционалност на гинеколошката ординација во општината Шуто Оризари. За таа цел, Ромалитико финансиски поддржан од Канцеларијата за Ромски иницијативи Фондација Отворено Општество – РИО Берлин, објавува ПОВИК за ангажирање на медицинска сестра која што ќе работи во гинеколошката установа ПЗУ Мајка Б&М во Шуто Оризари, под раководство на Д-р Ламбе Крстески.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно стручно (медицинско) образование
- Стекната лиценца за работа како медицинска сестра
Потребни вештини:
- Компјутерски вештини и познавање на системот „Мој термин“
- Уредно водење на медицинска документација
- Испорака на квалитетна нега и тријажа на пациенти
- Поставување на интравенозна линија, субкутана и интрамускулна инјекција
- Асистирање при гинеколошки и акушерски прегледи
- Познавање на основни принципи на стерилизација и работа со стерилизатор
Лични карактеристики:
- висок степен на лична организираност,
- способност за менаџирање со време
- способност за тимска работа
- развиени интерперсонални вештини,
- висока флексибилност и адаптибилност
- Познавањето на ромски јазик ќе се смета за предност
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV), на следната email адреса: [email protected], со задолжителна назнака „За оглас за медицинска сестра во Шуто Оризари“. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Краен рок за доставување на апликациите е 10 август 2022 година до 16:30 часот.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико, на e-mail: [email protected].
Линк до повикот: https://tinyurl.com/4a8b6mpt