Проектниот тим на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите на 28 мај 2021 година одржа средба со градоначалникот и други преставници на општина Шуто Оризари на која што ги презентираше целите и активностите на проектот и ја истакна важноста за воспоставување на соработка.

Преставниците на општината ја поздравија ваквата заложба за соработка со тоа што покажаа интерес за учество во понатамошните активности во рамки на проектот и се согласија хабот да биде лоциран во просториите на општината. Во следниот период ќе следи потпишување меморандум за соработка со  општина Шуто Оризари.