Елвис Шаќири од „Ромалитико“ вели дека Ромите не може да бидат стигматизирани само заради тоа што некои од нив живеат на места каде што не е достапна чиста вода за пиење и канализација, а ниту пат да се пристапи до таму. Тој вели дека напротив, самиот начин на живот ги прави таквите посилни и поотпорни.

– Точно е дека има Роми кои живеат маргинализирано и дека голем медиумски интерес предизвика отворениот пазар. Сепак, тој е основен извор за регуларен прилив на средства на многумина и постојат гласини дека истиот ќе се отвора оваа недела, бидејќи во спротивно луѓето ќе почнат да размислуваат дека и онака немаат што да загубат. Според нашите информации во Шуто Оризари нема ниту еден заболен. Она што е добро во моментов е тоа што за секоја куќа има помош, благодарение на доброто функционирање помеѓу општината, невладините организации и дијаспората, смета Шаќири.

Линк кон веста: https://faktor.mk/shuto-orizari-gusto-naseleni-ulichki-i-skromni-uslovi-za-zivot-no-do-sega-mozebi-nitu-eden-zabolen-od-kovid-19