Со оглед на тоа што Министерството за правда ги донесе потребните подзаконски акти потребни за започнување на процесот на регистрација на неевидентираните лица во процесот на регистрација на привремените лични документи, со ова барање бараме и МВР да го донесе потребниот правилник за издавање на идентификациона исправа на истите лица.

Согласно член 10 од Законот за неевидентирани лица МВР, врз основа на барање на лицето запишано во посебната матична книга на родени и доставен извод од посебната матична книга на родени од членот 8 став 2, на лицето му се издава идентификациона исправа, која не е биометриска, најдоцна во рок од 15 дена од денот на донесувањето на барањето и изводот од посебната матична книга на родени.

 

Кликнете тука за да го прочитате го целото барање до МВР