Од донесените подзаконски акти за добивање на извод на родени од посебната матична книга на родени за неевидентираните лица произлегуваат финансиски обврски во износ од 250 денари на уплатница поединечно за секое лице и слика во износ од 150 денари.

Имајќи во предвид дека се работи за социјално загрозени семејства кои немаат никакви приходи, коишто се со релативен низок степен на информираност, основно ниво на писменост за целиот процес, многудетни семејства, сметаме дека трошоците по семејство ќе бидат високи и истите нема да бидат во можност да ги покријат овие трошоци. Воедно, голем број на овие семејства се вклучени во собирање на секундарни суровини и истите во период беа најпогодени при што поради Ковид19 не беа во можност да остварат никакви приходи.

Имајќи ја во предвид нивната состојба, бараме ослободување од административните трошоци на неевидентираните лица при обезбедување на привремени документите, и истите трошоци да бидат на товар на државата, односно во рамките на буџетот на Министерството за труд и социјална политика да се пренаменат средства за ова намена.

Кликнете тука за да го прочитате го целото Барање