Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје распишува оглас за едно (1) слободно работно место на позиција административен соработник.

 

Административниот соработник/чка ќе биде одговорен/а за водење на административните аспекти на организацијата, вклучително:

  • Подготовка на договори
  • Прием на документи и соодветно архивирање
  • Административно и техничко одржување на канцеларијата, спроведување канцелариски набавки и услови, и следење на тендерски и други административни постапки
  • Организирање на настани и логистика
  • Следење и одржување на електронска архива
  • Спроведува други доверени работни задачи од извршниот директор, административната канцеларија кои одговараат во рамки на стручната спрема,

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Завршено високо образование во соодветната област
  • Најмалку 2 години работно искуство на наведената позиција во областа
  • Работно искуство во граѓанскиот сектор
  • Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот
  • Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (говорен и пишан)
  • Високо развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, комуникативни и презентациски вештини, вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа

 

Работното време за оваа позиција e 40 часа неделно, од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот.

Работниот ангажман за оваа позиција е предвидено да започне на почетокот на месец Октомври 2023.

Заинтересираните кандидати својата кратка биографија (CV 2 страни) и мотивационо писмо (1 страна), треба да ја испратат најдоцна до 08 Септември 2023 година, до 17 часот, на следнава електронска адреса: [email protected] со назнака: апликација за административен соработник.

 

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат наведените услови и кои нема да бидат испратени до предвидениот рок нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.