Извршниот директор на Ромалитико, Елвис Шаќири гостуваше во дебатната емисија “24 Анализа” на Телевизија 24 во која гостуваа, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, проф. др. Мирјана Најчевска, експерт по човекови права и Марјан Кицев, претседател на полицискиот синдикат. Темата на дискусијата беше полициската бруталност врз ромската заедница по објавувањето на видеото во кое се гледа како полицијата претепува тројца Роми во Битола  Целата емисија може да ја проследите на линкот подоле.