Во насока на подобра организација и спроведување на активности во рамки на тековните и идни проекти, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, креира база на консултанти. За таа цел објавува јавен повик за тематски консултанти кои ќе ги понудат своите услуги по барање на Ромалитико по принципот на утврдена потреба.

Консултантите како професионални експерти ќе бидат ангажирани од страна на Ромалитико за краток временски период само за извршување на специфични работни задачи. Консултантите нема да се сметаат за вработени лица во Ромалитико и за својот ангажман добиваат плаќања согласно видот на услугата.

Теми за кои се обезбедуваат консултантски услуги и максимален број на консултанти кои ќе бидат избрани:

  Област Максимален број на избрани експерти/консултанти
  Област 1 – Тематски консултанти за мобилизација на ромската заедница, формирање на мрежи и вмрежување на заедницата, застапување на јавни политики, работа со маргинализирани групи во ромската заедница (жени Ромки, ЛГБТИ, лица со попреченост) 10
  Област 2 – Тематски консултанти за обезбедување на финансиски средства, анализа на планирање и реализација на Буџети на локално ниво, партиципативно буџетирање на локално ниво. 10
  Област 3 – Тематски консултанти за подготовка, анализа и следење на Локален акциски план за подобрување на положбата на Ромите, мониторинг на дизајн и евалуација, планирање и имплементација на локални акции, Партиципативен пристап за проценка, градење на капацитети на заедницата за креирање и следење на локални иницијативи.

 

10
  Област 4 – Тематски консултанти за истражувачко новинарство, уредување на вести, редакција (подготовка, обработка, проверка на текст). 5
  Област 5 – Тематски консултанти за бизнис и претприемништво 5
  Област 6 – Тематски консултанти за ЕУ (иституции и структура), истражувања и анализи за европски политики, ЕУ стратегии и политики за пристапување во ЕУ. 5
  Област 7 – Тематски консултанти по право (правна регулатива, човекови права, правна консултација и совети и сл.) 5
  Област 8 – Тематски консултанти за обезбедување на креативни услуги (графички дизајн, изработка на веб страни, креирање на кампања, изработка на видеа, видео монтажа, визуелизација на податоци, систем на дата база и сл.) 5

 

Консултантот треба да ги поседува следниве квалификации:

  • Завршено високо образование од областа за која лицето се ангажира и демонстрирано релевантно искуство во самата област (со исклучок на областа “обезбедување на креативни услуги”). За областа креативни услуги консултантот треба да поседува демонстрирано релевантно искуство и портфолио.
  • Професионално искуство од најмалку две години на национално и/или меѓународно ниво во соодветните области.
  • Одлично усно и писмено познавање на македонски јазик и добро познавање на англиски јазик, познавањето на ромскиот јазик ќе се смета за дополнителна предност.
  • Напредно познавање на креативни алатки потребни за извршување на конкретната услуга.

 

Потребни документи за аплицирање:

  • Кратка биографија, не подолга од 5 страни на која јасно покажува дека ги исполнува потребните квалификации.
  • Мотивациско писмо во кое ги истакнува вештините, експертизата и искуството и во областите за кои аплицира консултантот;
  • Листа на 3 референци (работодавачи) за контакт.
  • Примерок од сопствено истражување или портфолио.

Еден консултант може да аплицира за повеќе области доколку ја поседува потребната експертиза.

Документите за аплицирање треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected]најдоцна до 19.11.2021 година со назнака (предмет) „Апликација за консултант “.

Избор на консултанти

Селекцијата ќе ја врши комисија формирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико. Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.

 

Критериуми за избор

  • Исполнување на условите на повикот
  • Квалитетот на доставените документи
  • Освоени поени на интервјуто

Сите подобни кандидати ќе станат дел од дата базата на Ромалитико и истите ќе бидат конктактирани во зависност од потребата на реализирање на конктретни задачи на Институтот.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33а 1/25) , или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: [email protected]

Прочитајте го целосниот повик тука.