Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и Министерот Оливер Спасовски во текот на денот да излезат во јавност и да одговорат на неколку прашања кои ја засегаат јавноста. Елвис Шаќири повика на расветлување на случајот, одбегнување на овој случај да му се даде етничка димензија и препорача да се отвори полициска станица во општината Шуто Оризари и да се вработат Роми полицајци со цел да се изгради доверба помеѓу институциите на државата со ромската заедница.