Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико објавува Јавен повик за ангажирање на специјалист за финансии.

Специјалистот за финансии ќе ги има следниве задачи:

  • Изготвување на месечни и квартални извештаи кон донаторите.
  • Месечни и годишни сложувања на финансиите со сметководство.
  • Месечно планирање на буџетот и трошоците на проектите.
  • Изготвување на предлог буџет и проектни апликации.
  • Следење на финансиите во организацијата.
  • Комуникација со донаторите.
  • Координација со проектниот тим при подготовка на тендерска документација за набавки.
  • Редовна комуниција со проектниот директор и партнерите како и сите засегнати страни.

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено високо образование – Економски факултет.
  • Најмалку 5 години работно искуство.
  • Основно познавање на сметководство и/или ревизија.
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки.
  • Одлично познавање на Англиски јазик.
  • Комуникациски вештини.
  • Искуство со работа на УСАИД проекти ќе се смета за предност.

Доставување на апликации

Кандидатите за специјалист за финансии треба да ги достават следните документи:

  • CV
  • Мотивациско писмо
  • Листа на референци (работодавачи) за контакт

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected]најдоцна до 15 Август 2024 година со наслов „Апликација за специјалист за финансии“

Селекција на кандидатите

Селекцијата на подобните кандидати ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.

Критериуми за селекција

  • Исполнување на условите на повикот
  • Квалитетот на доставените документи
  • Освоени поени на интервјуто

Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.

За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.