На 25 и 26 ноември 2021 во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата, Институтот Ромалитико и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје спроведоа обука за Стартешко планирање и граѓанско учество на локално ниво.
Обуката беше наменета за членовите на Акциската локална група и локалната заедница во 15те партнер-општини: Крива Паланка, Струмица, Шуто Оризари, Дебар, Кочани, Битола, Велес, Виница, Штип, Делчево, Берово, Кичево, Тетово и Прилеп.
Во рамки на овие обуки беа опфатени формите на граѓанско учество на локално ниво, вовед во стратешко планирање, поставување на цели и приоритети, начини на организирање на заедницата на локално ниво.
Целта на обуката за Акциската работна група беше зајакнување на нивните капацитети и вештини во процесот на планирање, во процесот на подготовка на цели и приоритети на локално ниво како нивно активно учество во работата на локалнта самоуправа.
На двете обуки беа опфатени скоро 80на претставници од локалната заедница.
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024, а истата ефинансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.