На 29ти и 30ти мај 2021 година, онлајн преку ZООМ, се одржа првиот модул на работилници од Барвалипе школата на која учество земаа околу 60 потенцијални идни теренски соработници поделени во три сесии според стручноста и интересот
и тоа:
- Правни монитори – дваесетина учесници разработија теми поврзани со пристапот до правда, човекови права и правно организирање на ромската заедница преку разработка на студии на случаи поделени во групи;
- Бизнис фацилитатори – дваесетина учесници разработија теми поврзани со процеси на фацилитирање, улоги и одговорности на еден бизнис фацилитатор и дијагностика на капацитетите на бизнисите преку соодветни интерактивни вежби;
- Мобилизатори на заедница – двесетина учесници разработија теми поврзани со теории и модели на организирање и мобилизирање, форми и алатки за истото, како и граѓанско/политичко организирање и лидерство при развој на ромско движење. Преку работа на студии на случаи во групи, учесниците се стекнаа со потребните почетни знаења.
До одржувањето на следниот модул, учесниците треба да изработат домашни задачи за утврдување и практична примена на знаењата.