📢 Инстиутот за истражување и анализа на политики Ромалитико започна со имплементацијата на регионалниот проект „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“. Имплементацијата официјално започна на 2 декември 2024 година и ќе се спроведува во период од три години (34 месеци). Проектот е финансиран од Европската Унија.

🎯 Овој проект претставува важен чекор кон унапредување на правата и положбата на Ромската заедница во регионот.

🧭 Креирањето на координирана регионална мрежа на Ромски организации ќе обезбеди јасен и ефективен механизам за застапување и следење на политиките за инклузија на Роми, како и за подобрување на економските услови.

🤝 Активностите на проектот ќе се одвиваат во 5 (пет) корисници: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Координатор на проектот е Инстиутот за истражување и анализа на политики Ромалитико.

🔗 Повеќе информации за проектот може да видите тука https://romalitico.org/portfolio/nadvor-od-barierite-rezilientnost-na-romite-vo-zapaden-balkan/