1.  Позадина

1.1 Вовед

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико започна со имплементација на регионалниот проект „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да ја зајакне регионалната инклузија на Ромите преку справување со социо-економските нееднаквости, борба против антициганизмот и подобрување на пристапот до вработување, образование, здравство и граѓански права.

Проектот има за цел да понуди интегрирани економски иницијативи за Ромите во рамките на Западен Балкан, со цел да се зајакне нивната резилиентност и економска инклузија преку директно подобрување на пристапот до пазарот на труд. Оваа компонента ќе опфати професионални обуки и поддршка за вработување на Ромите, започнувајќи со сеопфатна проценка на потребите на заедницата и развој на специјализирани програми за обука, спроведени од сертифицирани провајдери.

1.2 Договорен орган

Договорниот орган за оваа набавка е Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, со адреса: Никола Тесла бр. 9, Скопје, е-пошта: [email protected]. Оваа набавка се спроведува за потребите на проектот „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија. Распределбата на средствата во рамките на овој проект зависи од одобрувањето и алокацијата на средства од донаторите во позадина. Финансирањето е строго условено од достапноста и обезбедувањето на надворешно донаторско финансирање.

1.3 Предмет на договорот

Предмет на овој договор е ангажирање на правно лице  за планирање и спроведување на сет стручни обуки за невработени лица од ромската заедница со цел унапредување на нивните вештини, квалификации и вработливост на пазарот на трудот, и тоа за следните профили:

  1. фризер за жени;
  2. фризер за мажи;
  3. оператор на ЦНЦ машина;
  4. ракувач на вилушкар,
  5. педикир и маникир,
  6. инсталатер на фотоволтаици
  7. негувател/ка на стари лица
  8. угостителски услуги (готвач, салатер, келнер, слаткар и сл.)

Обуките ќе се реализираат во период од декември 2025 година до декември 2026 година, како дел од проектот „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија.

Спроведувањето на обуките е утврдено врз основа на претходно спроведено истражување за потребите и барањата на ромската заедница, кое ги идентификува приоритетните профили и компетенции што ја зголемуваат нивната конкурентност на пазарот на трудот.

2. Цел на набавката

Услугата треба да обезбеди обука за 30 лица од општините со поголема концентрација на Роми –  Шуто Оризари, Куманово, Тетово, Гостивар, Кочани, Виница, Берово, Штип, Прилеп, Битола и Неготино, со цел тие да се стекнат со потребните вештини, знаења и квалификации за подобрување на нивната вработливост на пазарот на трудот.

Во овој контекст, давателот ќе биде одговорен за следните активности:

  • Развивање или приспособување на наставна програма за обука за определен курс, врз основа на позадината на учесниците.
  • Теоретска и практична обука и оценување на стекнатото знаење за да се опремат 30 лица од гореспоменатите локации
  • Подготовка на списоци за присуство на учесниците и Сертификати за завршување на обуката.
  • Подготовка на краток извештај за спроведување на активностите.

Обуката треба да се одржи од декември 2025 до декември 2026. Целта е учесниците да стекнат теоретско и практично знаење, како и сертификат за завршена обука. Давателот на услугата треба да ги користи сопствените простории во наведените општини за реализација на теоретскиот дел од програмата за обука.

2.1. Обем на понудата и лотови

Оваа набавка е поделена по лотови, каде што секој лот претставува една обука:

  • Лот 1: Фризер за жени
  • Лот 2: Фризер за мажи
  • Лот 3: Педикир и маникир
  • Лот 4: Оператор на ЦНЦ машина
  • Лот 5: Ракувач на вилушкар
  • Лот 6: Инсталатер на фотоволтаици
  • Лот 7: Негувател/ка на стари лица
  • Лот 8: Угостителски услуги

Секој понудувач може да аплицира за еден или повеќе лотови, само за обуки за кои поседува важечка лиценца/сертификација и капацитет. Понудите за поединечни лотови се оценуваат независно една од друга.

Понудата е делива по лотови. Секој лот претставува посебна обука и Договорниот орган може да додели договор на еден или повеќе понудувачи, поединечно по лот, согласно резултатите од евалуацијата.

3. СЛУЖБЕНО ПАТУВАЊЕ И СМЕСТУВАЊЕ

Доколку настанат такви трошоци, тие треба да бидат вклучени во финансиската понуда на апликантот. Ромалитико нема да одговора за какви било трошоци кои ќе ги надминат предвидените трошоци во финансиската понуда.

4. КООРДИНАЦИЈА И ИЗВЕСТУВАЊЕ

Планирањето, временската рамка, имплементацијата и известувањето за активностите ќе се врши во координација со Ромалитико.

5.Барања за квалификации

Клучни квалификации и компетенции на апликантот вклучуваат:

  • Регистриран и сертифициран провајдер за неформално образование за различен вид на обуки.
  • Докажано искуство во спроведување на теоретски и практични програми

5.1 Основи за исклучување од учество во набавка

5.1 Список на основи за дисквалификација на понудувач

Апликант ќе биде исклучен од учество во набавката и ќе поднесе изјава за непостоење на основи на исклучување од учество во набавката во која ќе наведе дека апликантот не е во следната позиција:

  • стечај или е во фаза на раскинување, а неговите работи ги води судот; има склучено договор со доверители, ги прекина деловните активности или е предмет на судска забрана за водење бизнис;
  • предмет на постапка за прогласување стечај, за налог за присилна ликвидација или управа по судски пат, или за договор со доверители или за која било друга слична постапка;
  • бил вклучен во професионално недолично однесување што има влијание врз неговиот професионален кредибилитет, вклучувајќи, особено, некое од следново:

а. со измама или небрежност погрешно прикажување на информациите потребни за верификација на непостоење на основи за исклучување од набавка или на исполнување на условите за подобност или при извршување на договор;

б. склучување договор со други економски оператори со цел нарушување на конкуренцијата;

в. кршење на правата на интелектуална сопственост;

г. обидувајќи се да влијае на процесот на донесување одлуки во текот на постапка за набавка; или

д. обидувајќи се да добие доверливи информации што може да ги даде непотребни предности во постапката за набавка;

г) не ги исполнил обврските во врска со плаќањата на даноците или придонесите за социјално осигурување во согласност со важечкиот закон;

д) лицата кои имаат овластувања за застапување, одлучување или контрола над тоа се осудени со правосилна пресуда за прекршок во врска со нивното професионално однесување и/или заобиколување на фискални, социјални или какви било други применливи законски обврски, вклучително и преку создавање на субјект за оваа намена;

ѓ) утврдено со правосилна пресуда или со правосилна управна одлука или со доказ што го поседуваме ние влијаеме на тоа лице кое има овластувања за застапување, одлучување или контрола над тоа, било виновно за измама, корупција, вмешаност во кривично дело организација, перење пари или финансирање тероризам, дела поврзани со тероризам, детска работа или која било друга форма на трговија со луѓе или која било друга незаконска активност.

Ромалитико – Скопје ќе ги заштити информациите означени како доверливи од апликантите; во спротивно, ќе се смета дека понудата не содржи доверливи информации

6. Постапка за аплицирање

Апликантот треба да ги достави следниве документи најдоцна до 17 ноември 2025 година, до крајот на работниот ден (16:00 часот) на следните е-адреси: [email protected] и [email protected].

Техничка понуда составена од:

  • Опис на профилот на компанијата со релевантно долгогодишно искуство во спроведување на обуки за неформално образовани и обука преку теоретска, практична работа и евалуација на знаењето;
  • опис на наставната програма и план за обука вклучувајќи практична работа изразена во часови;
  • географска покриеност на понудата;

Финансиската понуда треба да ја вклучи:

  • Финансиската понуда треба да ја вклучува цената по лице по обука за 30 физички лица во времетраење до три месеци.
  • Понудите треба да вклучуваат ДДВ (Данок на додадена вредност) и сите применливи трошоци
  • Цените во понудата треба да бидат изразени во денари (денари).

Дополнително потребни документи:

  1. Изјава за непостоење основи за исклучување од учество во набавката (потпишана и заверена на нотар) – види точка 5.1.
  2. Декларација за односи (потпишана) – види точка 9.
  3. Тековна состојба за правни лица од Централен регистар не постара од 6 месеци од датумот на аплицирање.
  4. Сертификат за програмата

Документацијата доставена во копија мора да биде заверена од апликантот со печат и потпис на одговорното лице, со назнака „Вистинито на оригиналот“.

Секое барање за информации и/или појаснување во врска со оваа набавка треба да се испрати најдоцна 7 дена пред рокот за затворање на повикот, на: [email protected] и [email protected].

Важноста на понудата е 60 дена.

Апликантот треба да ја испрати комплетната документација со следниот предмет на е-пошта: „Пријава за испорака на обука за невработени Роми“.

Понудата не е делива. Договорниот орган ќе избере еден понудувач кој ги исполнува сите технички карактеристики и административни проверки.

7. Евалуација на понудите

Непотполни апликации и апликации доставени по истекот на рокот нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. Ве молиме да се уверите дека сте ги доставиле сите побарани документи.

Сите пристигнати понуди најпрво ќе бидат предмет на административна проверка. Понудите што ќе ја поминат административната проверка ќе бидат предмет на техничка и финансиска евалуација врз основа на следната табела за бодување. Минималниот број поени за да се помине техничката евалуација е 29 поени.

Критериуми за техничка евалуација (70 поени)

Критериум

Максимум поени

Ниво на бодување

1.Опис на профилот на компанијата со релевантни години искуство во спроведување на специфичната обука, практична работа и оценка на знаењата. Минимум две години искуство во спроведување на обуки преку теоретска и практична работа.

24

2-3 години = 8 поени,

4-5 години = 16 поени,

 >8 години = 24 поени

2.Географска покриеност на понудата

Географска покриеност на минимум 5 општини: Гостивар, Тетово, Шуто Оризари, Куманово, Кочани, Штип, Виница, Берово, Битола, Прилеп, Неготино.

10

4-5 општини = 4 поени, 6-8 општини = 8 поени, >8 општини = 10 поени

3. Опис на наставната програма и планот за обука ( вкупно часови теорија и пракса)

20

60-79 часови = 15 поени, 80-99 часови = 17.5 поени, >100 часови = 20 поени

4. Опфат на понуда (број на обуки/лотови што ги нуди понудувачот)

16 1 лот = 2 поени; 2 лота = 4 поени; 3 лота = 6 поени; 4 лота = 8 поени; 5 лота = 10 поени, 6 лота = 12 поени, 7 лота = 14 поени, 8 лота = 16 поени
Вкупно 70

 

Критериуми за финансиска евалуација (30 поени)

Изборот се базира на принципот на најдобра вредност на понудата, при што финансиската понуда придонесува со максимум 30 поени за целокупната евалуација. Понудата со најниска цена ќе добие вкупно 30 поени. Другите понуди со повисоки цени ќе добијат пропорционален резултат според следната формула: 30 x (Најниска понуда / Предложена понуда).

Апликантот(ите) со највисок вкупен број поени од техничката и финансиската евалуација ќе биде(ат) избран(и) за склучување на договорот за набавка.

7.1. Правило за предност

При изедначени вкупни поени (технички + финансиски) предност има понудата што покрива поголем број лотови (односно нуди повеќе од бараните обуки), под услов да демонстрира реален капацитет за паралелна/секвенцијална реализација во дадената временска рамка.

8. Услови за плаќање

Предвиден е следниот начин на исплата: 80% по потпишување на договорот и 20% по испорака на услугата.

9. Декларација за односи

Апликантите силно се охрабруваат да опишат, во слободна форма, какви било сегашни или минати деловни или лични односи со:

  • блиско поврзана страна од Ромалитико;
  • вработени во Ромалитико
  • управните тела на Ромалитико

Блиско поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз друго лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со активност.

Деловните односи не се однесуваат само на договорни аранжмани, туку и на еднократни ангажмани. Личните односи не се однесуваат само на најблиското семејство, туку и на пошироките роднини, пријатели и познаници.

Декларирањето на каква било врска НЕМА да го дисквалификува апликантот од постапката за набавка, но ќе придонесе за непристрасен избор од страна на комисијата за евалуација и за потранспарентен процес на оценување. Целта на Декларацијата е да се обелодени информации за односи кои ја прават апликацијата и процесот на евалуација потранспарентни и ја поддржуваат релевантноста на понудите во согласност со условите на отворениот пазар.

10. Сопственост

Ромалитико, освен ако не е поинаку договорено, ќе биде единствен сопственик и ќе ги поседува сите права на интелектуална сопственост врз сите производи и резултати акумулирани преку спроведувањето на овие Услови на референца. За потребите на овие Услови на референца, терминот „резултати“ се однесува на сите дела и материјали (вклучително и документација), како и на сите други исходи произведени од избраниот апликант. Сите авторски права и сите патентни или други права на интелектуална сопственост поврзани со резултатите ќе бидат сопственост на Ромалитико. Преносот на правата го вклучува правото на Ромалитико да ги изменува и прилагодува резултатите и да ги пренесе правата на трета страна. Избраниот апликант нема право, без писмена согласност од Ромалитико, да ги користи резултатите во својата работа.

11. Откажување на набавката

Договорниот орган може да ја откаже постапката за набавка доколку:

  • Не се доставени понуди или не се доставени прифатливи или соодветни понуди.
  • Се појават непредвидени промени во буџетот на договорниот орган.
  • Непредвидени и објективни околности ги изменат потребите на договорниот орган.
  • Избраниот апликант се повлече од потпишување на договорот.
  • Други услови за кои договорниот орган ќе информира навремено

Преземи урнек:

  1. Изјава за непостоење основи за исклучување од учество во набавката (потпишана и заверена на нотар)
  2. Декларација за односи (потпишана)